Јехона со триумфален крај на прволигашкиот плеј-оф, во Гостивар падна Вардар Неготино

Ракометарите на Јехона во последното коло од плеј-офот од Првата лига забележаа утешна победа против составот на Вардар Неготино со 31:29, но сепак останаа на последната осма позиција.

Јехона беше во водството во најголемиот дел од натпреварот. После израмнетиот почеток тие имаа предност и до крај на првото полувреме обезбедија три гола позитива. На паузата беше 18:15.

Во продолжение госите од Неготино нема сили да избегната пораз, домашниот тим усепа да создаде преднсот од највисоки сеудм гола што беше доволно за триумф. Вардар Неготино само го ублажи поразот во финишот.

Предводник до победата на тимот на Јехона беше Адис Салиу кој беше убедливо најефикасен со 13 погодоци, а Филип Илиески погоди осум пати. Во тимот на Вардар Неготино прв стрелец беше Младенчо Најдов со шест гола.