Јехона издржа едно полувреме, Аеродром ги освои бодовите

Тимот на Аеродром ја забележа третата победа во прволигашкиот плеј-оф, откако славеше на домашен терен над екипата на Јехона со 31-24.

Избраниците на Благојче Весиќ имаа одличен старт и во текот на првите десет минути нивното водство беше со резултат 5:2. Гостинската екипа се врати во игра и го изедначи резултатот на 6:6, но грешките во нападот и желбата за позитивна промена на семафорот беше причина за избрзаните напади, и казните со лесните голови на домашните. Резултатот на полувреме беше 12:11 во корист за екипата на Аеродром.

Во второто полувреме, Аеродром одржуваше предност од еден до два гола, но екипата од Гостивар постојано беше во резултатски приклучок. Во текот на 43. минута, Аеродром ги имаше највисоките четири гола разлика 19:15, тоа беше клучен момент во кој играта на Јехона беше целосно прочитана. До крајот на натпреварот ситуацијата беше непроменета на теренот и домашните ракометари ја искористија слабоста кај противникот, па зголемија на конечни седум разлика.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа крилата Михајлов и Ефтимов со седум, односно шест погодоци, додека кај Јехона се истакна Салиу со десет погодоци. Во следното коло Аеродром ќе гостува кај Драчево, а Јехона ќе игра дома со тимот на Куманово.