Јехона го освои турнирот во Гостивар – Селмани е МВП, Младенов нај голман, а Михајлоски е нај стрелец

Тимот на Јехона од Гостивар, по турнирот во женска кадетска конкуренција минатиот викенд, успешно организираше ист таков во машка кадетска конкуренција.

Во финалето, домаќинот Јехона беше подобар со 36-32 од тимот на Вардар Неготино, додека во битката за третото место со ист резултат Куманово славеше против Аеродром.

Претходно во полуфиналето, Јехона го совлада Аеродром со 44-42, додека неготинци беа поуспешни од Куманово со резултат 31-26.

За МВП на турнирот, односно најкорисен играч беше прогласен Ерлис Селмани од Јехона, додека најдобар стрелец е Новица Михајлоски исто така од редовите на домаќинот. За најдобар голман беше прогласен членот на Вардар Неготино, Иван Младенов.