Јехона го изненади Аеродром, се вклучи во трката за плеј-оф

Тимот на Јехона од Гостивар по малку изненадувачки стигна до победа на тешкото гостување кај составот на Аеродром во Скопје, 27-31.

Иако домашните водеа на полувремето со 15-13, а потоа имаа и 16-13, сепак Јехона во второто полувреме стигнаа до 17-17, по што се играше гол за гол.

По 22-22, гостите поведоа со 22-24 и до крајот ја задржаа предноста, иако Аеродром намалуваше неколку пати на минус еден негатива.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Деан Дукоски и Мојсе Тасески со по девет голови, додека за домаќините Марио Лефковски даде 11 погодоци.

Со оваа победа Јехона има 12 бодови на петтото место, додека Аеродром е четврти со 16, а до крајот има уште три кола, па ќе биде интересна трката за место во плеј-офот.