„Јас сум голем фан на Путин, но најдобриот политичар во историјата е Винстон Черчил“

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, откако РФМ означи крај на Суперлигата, веќе е во татковината и го разработува планот за подготовките на битолчани пред новата сезона, во која тимот го чекаат многу предизвици.

Хрватот во интервју за рускиот „Брз Центар“ освен за ракометот, зборуваше и за други интересни нешта и откри кој му е омилен политичар.

Беше прашан и дали би се вратил да работи во некоја од СССР републиките во иднина како тренер, со оглед на тоа што веќе работеше во Мешков Брест.

„Би се гордеел ако добијам понуда за работа во Русија. Ќе му благодарам на Бога!  Јас сум голем фан на Владимир Путин. Тој е многу посветен човек – на својата земја и своите луѓе. Тој е заштитник на својот народ. Путин беше жесток, но стана поинаков. Мене ми е впечатливо, кога тој пред неколку години му го честиташе јубилејот на неговиот поранешен шеф – 90 години. Со него работел повеќе од 30 години во Германија. Помина толку време, Путин стана прв човек на државата, ама дојде лично кај неговиот поранешен шеф и му однесе подарок. Тоа само говори колку голем човек е тој. За мене оваа приказна зборува многу за престедателот на Русија. За мене најдобар политичар во историјата е Винстон Черчил, за него читав многу и често ги користам неговите мисли и принципи на комуникација. Но и Путин е тука некаде близу“, вели Бабиќ.