„Јас и моите кучиња сме главни кога се апсат дилери на дрога“

Поранешниот светски шампион со репрезентацијата на Франција, Фредерик Вол откакo ја заврши кариерата има нова професија а е поврзана со кучињата. Тој беше светски првак во 1995 година.

Во интервју за sport.francetvinfo.fr, тој зборуваше за новата професија и сонот за пензионерските денови да ги помине во Панама. Вол сега работи во канадската полиција на дресура на кучињата.

„Исто како во американските серии. Човекот што ги води кучињата кога се апсат дилери на дрога сум јас. Дали ги видовте моите кучиња, некои од нив тежат 90, па и 100 килограми. Имам 54 години, а секогаш велев дека ќе одам во пензија на 55 години. Сонувам да одам во Панама, со сопругата еднаш бевме на одмор таму и многу ни се допадна. Го најдовме нашиот рај на земјата и купивме мал имот. Трошоците за живот во Панама не се високи, мислам дека ќе продолжиме да живееме таму. Моите пензионерски денови ги замислувам вака: стани, лови риба и споделувај моменти со пријателите“ рече Фредерик Вол.

Французинот со неговата репрезентација има учество и на две Олимпијади во 1992 кога го освои бронзениот медал и во 1996 година кога Франција заврши на четвртата позиција.