„Јане Сандански“ останува дом на ЖРК Вардар

Некогашниот европски вицепрвак ЖРК Вардар во новата сезона ќе функционира како посебен субјект и нема да биде дел од РК Вардар.

Сепак „црвено-црните“ дами и понатаму ќе играат во СЦ „Јане Сандански“, иако дел од тренинзите ќе се одржуваат и во спортската сала „Круме Кепески“ во Кисела Вода.

Од тимот на Драгана Ристова заминаа шест ракометарки, а дојдоа две засилувања – Михаела Стојановска од Металург и Јасмина Попова од Гевгелија.

Женската лига од септември ќе има 14 екипи, a наскоро ќе бидат извлечени редните броеви и ќе биде познат распоредот на натпреварите.