Јанеска доби место во идеалниот тим во Турција (ФОТО)

По одличната партија во натпреварот од 7. коло во турскиот шампионат, Моника Јанеска доби место во идеалниот тим.

Македонската интернационалка постигна седум погодоци за Коњалти во победата над Аксарај со 28-22.

Покрај Јанеска, во изборот на идеалниот тим се најдоа и три ракометарки на шампионот Кастамону.

Меѓу нив е поранешното десно крило на Вардар, Екатерина Љубјанаја.

Коњалти го очекуваат две средби за три дена во турскиот шампионат, на гости против Сиваспор и дома против Ускудар.