„Јакобсен има уникатни способности, со еден потег може да го смени текот на натпреварот“

Еден од најтрофејните селектори во светот, стратегот кој со репрезентациите на Данска и во машка и во женска конкуренција доаѓаше до трофеи, Улрик Вилбек сега подели комплименти за неговиот наследник во машката селекција.

Вилбек смета дека Јакобсен е вистинскиот избор и дека е стратег кој секогаш има резервна варијатна и со еден потег може да смени многу работи во играта.

„Тој има уникатни тренерски способности. Може многу да придонесе за тимот на тренинзите. Многу тренери се во можност да го прочитаат текот на натпреварот, но Николај може повеќе од ова. Тој може да му каже на играчот да направи два чекори надесно во одредена ситуација и знае дека со тоа ќе ја промени целата ситуација. Јакобсен е фантастично добар во тоа“, вели Вилбек.

Вилбек со женската селекција има златни медеали од сите натпревсарувања, додека со машката беше европски првак во 2008 и 2012 година.