Јагуриновски: Убаво е да се игра во полна сала пред најдобрите навивачи

По поразот од Татран Прешов, ракометарите на Вардар се вратија на победничките патеки во регионалната СЕХА лига.

„Црвено-црните“ славеа против Партизан со 31-26, а десниот бек Томислав Јагуриновски, кој е повратник во Вардар, вели дека убаво е чувството да се игра во полна сала.

„Многу е убаво повторно да се игра во полна сала пред најдобрите навивачи се надевам дека ќе имаме добри навивачи и понатаму. Игравме малку лошо во одбраната, но се уште не сме воиграни, имаме доста нови играчи и ќе биде подобро, ова не е вистинско светло на Вардар.“, вели Јагуриновски.

Следен предизвик за вардарци ќе биде домашниот дуел со словачкиот првак Татран Прешов на 10 февруари.