Ѓукиќ: Ако подобриме некои работи, може да славиме против ПИК Сегед во Скопје

Вардар загуби на гостувањето кај унгарскиот шампион ПИК Сегед со 34-31 во седмото коло од Лигата на шампионите.

Десното крило Дарко Ѓукиќ, вели дека скратениот ростер е неконстантноста во играта се причини за поразот.

„Честитки за ПИК Сегед. Тие одиграа добро. Беше тежок натпревар за нас. Кога ќе се доближевме, тие секогаш се одлепуваа. За нас беше тоа лошо, бидејќи мислевме дека може да победиме овде. Имавме проблеми со ростерот, двајца играчи имаа повреди, па се надеваме дека ќе ни се придружат. Мора да подобриме некои работи за да можеме да се надеваме на триумф во Скопје. Таму ќе ни биде полесно да играме“, изјави Ѓукиќ.

Следниот натпревар меѓу Вардар и ПИК Сегед се игра на 25 ноември во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.