Ѓорѓиевска постигна еден гол и освои бод со Магура

Македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска со својот тим Магура Чиснадеи одигра многу интересен натпревар во 6. коло од романското првенство.

Магура против Рапид Букурешт одигра неизвесен натпревар со малку голови кој на крајот заврши без победник, 19:19.

Десниот бек на репрезентацијата на Македонија, Ѓоргиевска постигна еден гол за својот тим. Магура по првиот дел имаше заостанување од два гола, 9:11, но во продолжението успеа да ги достигне и да освои бод.

После три последователни победи во претходните кола ова беше прекин на победничката серија, но и покрај тоа тимот на Елена Ѓорѓиевска останува во горниот дел на табелата. Магура е на 4. место со четири победи и по еден пораз и нерешено.