Ѓорѓиевска во одлична форма пред баражот за Мундијалот

Десниот бек Елена Ѓорѓиевска влегува во одлична форма пред бараж двомечот за пласман на Светското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонската репрезентативка по повредата на рамото и откако го пропушти ЕП 2022, се врати на терените и игра во романскиот шампионат.

Нејзниот тим Магура Чиснадие славеше убедливо против Таргу Жиу во натпревар од 19 коло со 35-23, а победникот беше решен уште по првиот дел кога беше 17-10.

Ѓорѓиевска играше 60 минути на овој дуел, беше втор стрелец во победничкиот тим со пет погодоци од осум обиди, имаше една асистенција, еден блок и една украдена топка.

Ова е добра вест за селекторот Љубомир Савевски пред бараж двомечот за место на Светското првенство против Украина.