Ѓорѓески и Будакалаш го освоија трофејот во Лига Купот на Унгарија

Тимот на Будакалаш, каде брани македонскиот голман Даниел Ѓорѓески со трофеј во Лига Купот на Унгарија ја заврши сезоната.

Будакалаш во финалниот натпревар славеше против Ѓенѓеш со 28-24, откако на полувреме домашниот тим имаше само плус еден, 15-14.

Ова е прв трофеј за Ѓорѓески во првата сезона на интернационална сцена, а и во наредната ќе настапува за унгарскиот тим.

Во првенството, македонскиот чувар на мрежата имаше одлични партии, а Будакалаш го освои осмото место.