Ѓорче Петров ги задржува најдобрите – нов договор и за Ива Божиноска!

Македонскиот шампион Ѓорче Петров задржа уште еден важен играч за претстојната сезона.

Станува збор за репрезентативката на Македонија, средниот бек Ива Божиноска, која со раководството на Ѓорче Петров се договори на нова соработка, со важност од една година.

Божиноска во редовите на „лавиците“ пристигна во вториот дел од минатата сезона и веднаш се наметна како една од главните играчи на теренот.

Средниот бек потекнува од школата на Кастратовиќ, потоа на 15 години стана дел од младинскиот тим на Вардар, паралелно, играше и за некогашниот дрим-тим на „црвено-црните“ во домашниот шампионат.

ше дел и од вториот тим на Вардар пред да се пресели во Битола. По настапите за Пелистер направи трансфер во Металург и во клубот од Автокоманда помина три и пол сезони.

Ѓорче Петров претходно ја продолжи соработката со голманката Слободанка Кицеска, левиот бек Марија Јанкуловска и левото крило Анастасија Николовска. Ново име во таборот на Ѓорче Петров е голманката од Вардар, Јована Трајкоска.