Ѓорчепетровки со пресврт до три бода против Пелистер

Во натпревар со две различни полувремиња екипата на Ѓорче Петров дојде до победа против Пелистер со 29:25 и стигна до три важни бода. Тимот од Битола кој беше подобар во првото полувреме немаше сила за да издржи на овој дуел во второто полувреме, па му дозволи на противникот да се избори за бодови.

Пелистер имаше повеќе од играта во првиот дел од средбата, а после неколку пресврти во финишот успеа да се избори за предност и на одмор да замине со 14:12. Откако се случи ова во второто полувреме работите добија поинаков правец.

Составот на Ѓорче Петров во второто полувреме имаше многу повеќе од играта и знаеше како да се избори за предност која во финишот од натпреварот ја исконтролира и истата му донесе победа и три бода.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПЕЛИСТЕР       29:25 (12:14)

Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Михаела Капсарева и Лејла Јашар од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Хасаноска, Јовановска, Маринчов, Нестовоска 1, Џељадини, Чубриноска, Кежаровска, Србиновска 8, Маљцева 2, Шкријељ, Грковска 2, Антеска 1, Јованчева 2, Цветановска 13.

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 6 мин.

ПЕЛИСТЕР: Огненова, Пецовска, Босилковска 2, Анчева 7, Нечовска, Стојанова 1, Милосављевиќ 7, Раиф, Каковска, Кајческа, Наумовска, Белевска 4, Јанкуловска 4

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 8 мин.