Ѓорчепетровки се лизнаа на стартот, вардарки им нанесоа тежок удар

Во првото коло од Женската лига во рамките од Групата Б, Вардар славеше на гостувањето кај Ѓорче Петров со 19:17 така што поранешниот шампион на Македонија покажа дека во новата сезона влегува со амбиции за освојување на првата позиција.

Екипата на Ѓорче Петров имаше одлично отворање на натпреварот и по осум минути игра водството беше 4:2. Во следниот период, Вардар заигра поангажирано во нападите, направи серија од 4:0 и првпат дојде до водство од еден разлика, 6:5.

Вардарки во последните десетина минути беа подобар противник. Трпевска и Миновска беа предводнички на составот на Вардар, а на полувреме резултатот беше 11:8 за екипата предводена од Драгана Ристова.

На почетокот на вториот дел односно по пет минути игра, Ѓорче Петров намали на два разлика, 10:12. Ракометарките на Вардар продолжија со добрата игра и преку Трпевска во 38. минута стигнаа до највисоките четири гола предност, 14:10.

Следуваше период на голем број на грешки на двете страни. Во 47. минута, Вардар пропушти шанса од пенал повторно да дојде до четири разлика, откако голманката на Ѓорче Петров, Слободанка Кицеска го одбрани ударот на Трпевска.

Ѓорче Петров се обидуваше целосно да се врати во игра во последниот период од натпреварот. Сепак, Вардар успеа да го одржи водството од два до три гола до крајот и не дозволи да има целосен пресврт од страна на домаќинот.

Ивона Трпевска беше прв стрелец во Вардар со пет гола, а четири постигна Марија Галевска. Најефикасни во Ѓорче Петров со по четири гола беа Симона Стојановска и Ангела Јанкуловска.