Ѓоргиевски со „петка“ го водеше Монтепрандон до победа

Довчерашниот ракометар на Радовиш, Гоце Ѓоргиевски го одигра најдобриот натпревар во дресот на италијанскиот второлигаш Монтепрандон.

Ѓоргиевски заедно со Монтепрандон во рамки од Втората лига во Италија обезбедија важен триумф против Пескара со 33:27 (13:14).

Македонецот имаше одлична партија во победничката екипа, постигна пет погодоци и дуелот го заврши со три исклучувања, од кои две беа во првите 30 минути.

Екипата на Монтепрандон по 23 одиграни натпревари се наоѓа на 12. позиција со 11 бода на свое конто и има големи шанси да обезбеди опстанок во второлигашката конкуренција.

Во следното, 24 коло, тимот на Ѓоргиевски ќе игра против незгодниот тим на Таварнеле.