Ѓер со полн плен од Брест, Будуќност потклекна дома пред Битигхајм

Денес беше комплетирано првото коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција. Во првото коло изненадување направија екипите на Икаст, кој е повратник во елитата, и француски Мец, кој го декласираше европскиот вицепрвак ФТЦ.

Будуќност иако во одреден дел од мечот имаше водство, потклекна во второто полувреме пред налетите на германскиот Битигхајм, кој беше предводен од ветеранката Каролина Кудлач со седум гола.

Унгарскиот Ѓер се намачи за триумф на гости кај Брест Бретањ во чиј ростер не се најде Ива Младеновска, а со шест гола предводник беше Ана Грос, која играше против поранешниот клуб.

Како што е веќе познато, тимот на Икаст на свој терен го совлада актуелниот бранител на титулата, норвешкиот шампион Вајперс Кристијансад, со 30:26, додека Мец на гостувањето во Будимпешта кај Ференцварош дојде до убедлив триумф од 38:25.

Лига на шампиони, жени, резултати, 1 коло:

Група А

Будуќност – Битигхјам 22:27 (10:11)
ЧСМ Букурешт – Оденсе 28:24 (16:10)
Дебрецен – Савехоф 32:29 (18:13)
Брест Бретањ – Ѓер 23:24 (14:16)

Група Б

Ференцварош – Мец 25:38 (13:19)
Икаст – Кристијансанд 30:26 (12:12)
Заглебје – Крим 18:36 (6:19)
Есбјерг – Рапид Букурешт 30:28 (16:12)