Ѓер си најде нова голманка, потпиша со уште една репрезентативка на Франција

Амандин Лејно ќе добие конкуренција во своја сонародничка откако Лаура Глаузер потпиша за шампионот на Унгарија. Таа треба да дојде на местото на Кари Гримзбо и од следната година би требало да биде во тандем со колешката од Франција, Лејно.

Ова значи дека Ѓер ќе има француски тандем на голот, а Лејно и Глаузер ќе бидат гаранција за нови успеси со оглед на тоа што се работи за две одлични голманки кои имаат одлична соработка и во репрезентацијата на Франција.

Глаузер потпиша договор до 2023 година така што ќе има доволно време и за прилагодување, но сигурно и за некоја титула во Лигата на шампионите.