Ѓер најде замена за Лејно – доаѓа Сандра Тофт!

Унгарскиот гигант Ѓер најде замена за голманката Амандин Лејно, која ја завршува кариерата на крајот од оваа сезона.

Во редовите на повеќекратниот европски првак доаѓа данската репрезентативка Сандра Тофт.

Таа се обврза на договор до 2024 година, откако претходните три сезони го чуваше голот на францускиот Брест Бретањ.

32-годишната голманка досега настапуваше за Вирум, Холстебро и Есбјерг во татковината, како и за норвешкиот Ларвик.

Тофт ќе биде дел од триото голманки на унгарскиот тим заедно со Норвежанката Силје Солберг и Французинката Лора Глосе.