Ѓаволот ја однесе шегата: Јакобсен повика нов играч за дуелот со Македонија

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, по поразот од Македонија со 33-29, повика нов ракометар за возвраниот натпревар во Алборг од квалификациите за Европското првенство следната година.

По повредата на Ласе Мелер, кој веќе се врати во Фленсбург, и неможноста тој да биде на располагање за неделниот двобој, Јакобсен се реши да го повика левиот бек на Алборг, Николај Лесо Кристенсен.

Иако е лев бек, Лесо игра на сите бековски позиции еднакво добро и е еден од најдобрите стрелци на данскиот првак оваа сезона во Лигата на шампионите.

Јакобсен веројатно не е задоволен од учинокот на Андерсон и Холм, па сигурно во ростерот за неделниот дуел со Македонија што се игра од 16:00 часот ќе му даде шанса на Лесо Кристенсен.