Шундовски се фати за работа, тргна со Ал Рајан (ФОТО)

Тренерот со кој репрезентацијата на Македонија успеа да го постигне најголемиот успех досега на големите натпреварувања и да го освои 5. место на Европското првенство во 2012 година, Звонко Шундовски во новата сезона има нова работа. Тој ќе го предводи тимот на Ал Рајан, а веќе се фати за работа.

Објавени се првите фотографии на кои може да се види Шундовски со ракометарите така што почнаа напорите за ракометарите за новата сезона, а јасно е дека Шундовски ќе ја подготви одлично екипата.

Се работи за тренер кој веќе има големо искуство зад себе, а тој е еден од тренерите кои во домашното првенство веќе има освојувано и двојна круна. Воедно има и меѓународно искуство така што Ал Рајан е следната дестинација на која се очекува да продолжи со квалитетната работа.