Што прави Дејан Манасков во карантин – подготвува вкусни пици (ФОТО)

Спортот е во пауза насекаде низ Европа и светот, па спортистите, кои се навикнати да бидат секогаш во салите и на терените, мораат да бидат во карантин и да ги почитуваат препораките од властите во борбата против коронавирусот.

Ракометарите на унгарскиот Веспрем, каде што игра Дејан Манасков веќе неколку дена се во карантин и имаат индивидуални тренинзи.

Освен тренинзите, времето најчесто се минува со гледање филмови и серии, читање книги, а нашиот Манасков се пофали на социјалните мрежи и со неговите кулинарски способности.