Штериова на рехабилитација, во октомври се враќа во Романија

Македонската репрезентативка Марија Штериова не ги започна подготовките за новата сезона со нејзиниот тим Глорија Бузау.

Штериова во моментов се рехабилитира од повредата од левото рамо која ја заработи во март годинава.

Таа во октомври би требало да замине за Романија, но кога ќе почне со тренинзи со тимот останува нејасно. Нема да биде на располагање ниту на националниот тим кој почнува со натпревари од ЕХФ Евро Купот против Црна Гора во октомври.

Глорија Бузау има големи амбиции во романскиот шампионат, а на меѓународна сцена во Лигата на Европа ќе игра против норвешкиот Сторхамар.