Шпанците го избраа идеалниот тим, очекувано доминираат играчите на Барселона

Ракометарите на Барселона се најбројни во идеалниот тим на сезоната во Асобал лигата. Четворица ракометари се во најдобрата седумка, го имаат најдобриот дефанзивец и тренерот на сезоната во најсилната лига така што покрај освојувањето на сите титули на клупски план и во поединечни рамки продолжува доминацијата.

Перез де Варгас, Ентрериос, Мем, Фабрегас, Петруш и Пасквал се играчите и тренерот кои се на списокот на најдобрите така што само добија признание за одбележувањето на уште една сезона.

ИДЕАЛЕН ТИМ НА АСОБАЛ ЛИГА

ГОЛМАН: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)

ЛЕВО КРИЛО: Даниел Фернандез (Фридорификос Морацо)

ЛЕВ БЕК: Антонио Гарсија (Гранољерс)

СРЕДЕН БЕК: Раул Ентрериос (Барселона)

ДЕСЕН БЕК: Дика Мем (Барселона)

ДЕСНО КРИЛО: Гонзало Перез Арце (Адемар Леон)

ПИВОТ: Лудовик Фабрегас (Барселона)

ДЕФАНЗИВЕЦ: Тијаго Петруш (Барселона)

МЛАД РАКОМЕТАР: Андер Изкиердо (Анаитасуна)

ТРЕНЕР: Хавиер Пасквал (Барселона)