Шпански арбитри за Еурофарм Пелистер во Данска

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер во втората рунда од елитното натпреварување гостува кај данскиот вицепрвак Алборг.

ЕХФ ги делегираше Шпанците Марин Љоренте и Гарсија Серадиља за овој натпревар, додека делегат ќе биде Сигурдсон од Исланд.

Натпреварот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер се игра на 20 септември од 20:45 часот во „Шпаркасен Арена“.

Во првото коло пелистерци загубија убедливо на домашен терен од Колстад, додека Алборг славеше на гости кај Келце.