Шпанија со втора круна и прва со осум трофеи од ЕП

Репрезентацијата на Шпанија од вчера е на 3. место на вечната листа на селекции кои освојувале трофеи на Европските првенства, но воедно е прва окја може а се пофали дека на 14 шампионати досега освоила дури осум медали.

Последните два медали се злати за разлика од претходните каде што сјајот беше сосема поинаков. Четирипати Шпанците освојуваа сребро, а двапати бронза.

Први на вечната листа и уште неприкосновени се Швеѓаните кои имаат четири злата и едно сребро, додека со три златни медали и две бронзи следуваат Французите.

На листата има 12 репрезентации, но последните три се на делба на 10. позиција бидејќи имаат освоено по еден бронзен медал.