Шпанија не се откажува од селекторот: Рибера добива нов договор

Селекторот кој донесе две титули Европски првак за селекцијата на Шпанија, Жорди Рибера продолжува со работа со сениорскиот машки состав на оваа сезона. Тој ќе добие продолжување на договорот така што и понатаму ќе го води националниот тим.

Рибера имаше договор до крајот на ова лето односно до Олимписките игри во Токио. Со оглед на тоа што истите се одложени до следното лето, и неговиот договор ќе биде продолжен најмалку до летото во 2021 година.

Ако се земат предвид неговите резултати за очекување е договорот да биде продолжен и после ова односно Рибера да остане селекторот на ракометарите од Шпанија така што не би требало да има поголеми промени.

Што се однесува до женската репрезентација на Шпанија и таму нема да има промени најмалку до игрите во Токио. Договор до летото во 2021 година ќе има и за Карлос Вивер.