Шпанецот ќе има нов клуб – Динамо и Гурбиндо се разделија!

Романскиот шампион Динамо Букурешт објави дека е прекината соработката со уште еден ракометар.

Станува збор за екс ракометарот на Вардар, Едуардо Гурбиндо, кој во дресот на Динамо Букурешт настапуваше само во минатата сезона.

Шпанскиот репрезентативец беше во комбинација за трансфер во македонскиот вицепрвак Алкалоид, но најверојатно нема да пристигне во Автокоманда.

Динамо Букурешт вчера објави дека од клубот си заминува и бразилскиот репрезентативец Педро Силва.

Пред трансфер во клубот на Чави Пасквал се наоѓа поранешниот ракометар на Металург и Вардар, Лука Циндриќ.

Сепак, во трката за Циндриќ се вклучени уште неколку богати тимови. Во следниот период би требало да се знае новата дестинација на хрватскиот репрезентативец.

Динамо прави место за Циндриќ – се ослободи од еден бек