Шок среде Веспрем за Дејвис и Манасков – ПИК Сегед е новиот унгарски шампион!

Ракометарите на Веспрем по елиминацијата од Нант во Лигата на шампионитe, останаа и без титулата во унгарското првенство.

Отако загубија на првиот натпревар во Сегед со три гола, 31-28, на реваншот на домашен терен беа поразени со 36-37.

Веспрем прв се одлепи на плус два 8-6, но тогаш гостите влегоа во серија преку Кашпарек, Баниди и Радивојевиќ стигнаа до убедливи 8-12. Оттогаш Веспрем секогаш беше во негатива, но иако во повеќе наврати стигна до минус еден, никогаш не направи комплетен камбек.

На петнаесетина минути до крајот, Веспрем намали на 27-28, но Миклер имаше серија одрани и ПИК Сегед повторно со лесни погодоци стигна до плус четири, 27-31. Манасков намали на 31-33, потоа беше 34-34, но Калман погоди во последната секунда за 36-37 и титула на ПИК Сегед.

Манасков беше втор стрелец со седум гола, а Мае даде девет, додека голманите Цупара и Коралес собраа 14 одбрани. Кај ПИК Сегед, РАадивојевиќ даде шест гола, а по пет пати стрелаа Калман и Кашпарек.