Шишкарев: Сега не е време да зборувам за Веспрем!

Рускиот интернационалец Данил Шишкарев, на крајот на сезоната по пет години престој во Скопје ќе си замине од Вардар и ќе ги брани боите на унгарскиот гигант Веспрем.

Иако информацијата е официјална и Шишкарев има потпишано договор на две години, сепак десното крило не сакаше да зборува за трансферот.

„Сега не е време да зборувам на таа тема, сите мисли ми се насочени кон репрезентацијата со која не чека настап на ЕП“, кажа Шишкарев во интервју за рускиот „Брз Центар“.

Покрај Шишкарев, од Вардар на крајот на сезоната ќе си заминат уште неколку ракометари, а за дел од нив веќе се пристигнати повеќе понуди.