Шиклевски и Мишевски дадоа 17 гола, Преспа во вториот дел го скрши отпорот на Бисинов

Ракометарите на Преспа прославија победа во четвртото коло од прволигашкиот плеј-аут над Бисинов со 29-22.

Повеќе од половина од погодоците за домашниот тим ги постигнаа Филип Шиклевски и Били Мишевски, кои дадоа девет, односно осум гола.

Велешани дадоа добар отпор во првиот дел, во повеќе наврати и водеа, но на пауза се замина со нерешено, 12-12.

Во второто полувреме се играше гол за гол до 16-16, и потоа следуваш клучната серија на Преспа од три гола за 19-16.

Таквата предност домашните не ја испуштија до крајот и стигна до висока победа од седум погодоци.

Најдобар стрелец во гостинската екипа беше