Шевцов го скрати списокот – Белорусија со најдобрите на ЕП

Јуриј Шевцов, селекторот на Белорусија го објави списокот со играчи на кои ќе смета за Европското првенство. Повикани се 20 ракометари од кои голем број од најдобрите домашни екипи Мешков Брест и СКА Минск.

Во комбинација се уште осум ракометари кои се резерва, а се најдоа на поширокиот список на селекторот. Собирот е закажан за 19. декември, а тимот на Јуриј Шевцов ќе игра на подготвителниот турнир во Полска од 27. до 29. декември.

Состав на Белорусија: Вјачеслав Солдатенко (Бакау), Иван Мацкевич (Мешков Брест), Алексеј Кишов (СКА), Андреј Јуринок, Максим Баранов, Никита Ваилупау (Мешков Брест), Иван Бровко (СКА), Артем Каралек (Келце), Вјачеслав Бохан (СКА), Јуриј Лукјанчук (Кокс), Вјачеслав Шумак (Мешков Брест), Сергеј Шилович, Николај Алехин, Јулијан Гирик (СКА), Владислав Кулеш (Келце), Вадим Гајдученко (Сен Рафаел), Олег Астрашапкин (Чурго), Борис Пуховски (Мотор Запорожје), Дмитриј Никуленков (СКА), Артем Кулак (Мешков Брест). 

Белорусија во групната фаза од Европското првенство ќе се сретне со екипите на Србија, Црна Гора и Хрватска.