Шеваљевиќ ја водеше Црна Гора до победа во Приштина

Репрезентацијата на Црна Гора дојде до важна победа на гостувањето во Приштина со 27:22 така што беа освоени бодови кои може да бидат од голема важност во трката за пласман на Европското првенство.

Составот на Црна Гора имаше тешка средба, но беше во предност уште во првиот дел од натпреварот кога дојде до водство од 13:10. Во продолжението само беше зголемено водството за конечни 27:22.

На овој дуел, ракометарот на Вардар, Васко Шеваљевиќ ги предводеше колегите со пет гола, додека играчот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ погоди само еден пат.

Со оглед на тоа што до крајот на квалификациите за Црногорците остануваат уште две средби и тоа на домашен терен може да се очекува пласман на ЕП. Селекцијата на Црна Гора ќе ги пречека Шведска и Романија.