Шведска со Ване и со чартер лет на ЕП

Познат е составот од 18 ракометари на селекцијата на Шведска, а меѓу патниците на ЕП е левото крило Хампус Ване, кој очигледно веќе не е позитивен на коронавирус.

Избраниците на Глен Солберг ќе имаат директна линија од Гетеборг за Братислава со приватен авион, со цел да се намали ризикот од можна зараза.

За разлика од Шведска, селекциите на Франција, Данска и Норвешка нема да имаат голема привилегија бидејќи ќе патуваат преку редовна авиолинија.

Шведска првата фаза од Европското првенство ќе ја стартува од Братислава. Светскиот вицешампион се наоѓа во Групата Е заедно со Шпанија, Чешка и БиХ.

Швеѓаните првиот натпревар ќе го одиграат на 13 јануари против БиХ. Скандинавската земја е меѓу главните фаворити за висок пласман на самото натпреварување.