during the Women’s EHF EURO 2020 Norway, Denmark - Group I, Denmark vs Spain, Jyske Bank Arena, Herning Denmark 13.12.2020, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Шведска и Данска први отворија карти, еве со кои ракометарки доаѓаат на ЕП

Репрезентациите на Данска и Шведска, кои ќе учествуваат на Европското првенство во ноември, на кое нашата држава заедно со Црна Гора и Словенија ќе бидат домаќините, соопштија со кои ракометарки ќе настапат на континенталниот собир.

На списокот кај селекторот на Шведска, Томас Акснер партиципираат 21 играч, а дополнително треба да одлучи со кои 18 ракометарки ќе настапи на Европското првенство во ноември.

Шведска на Европското првенство во 2020 година разочара со својот настап и заврши на 11. позиција, додека на Светското првенство во 2021 ја освои 5. позиција. Место на списокот кај Акснер имаше и за искусната ракометарка Натали Хагман, која на Мундијалот минатата година беше прогласена за најдобар стрелец со 78 погодоци.

Селекторот на Данска Јеспер Јенсен без многу двоумење одлучи со кои 16 играчи ќе настапи на натпреварите од Европското првенство. Јенсен ќе може да смета на Сандра Тофт, Ане Мете Хансен, Мете Транборг, Кристина Јоргенсен… па така се очекува Данска да се бори за висок пласман на ЕП.

Двете скандинавски селекции ќе играат во иста група. Ривали на Данска и Шведска во групата А ќе бидат репрезентациите на Словенија и Србија.