Швајцарците тврдеа дека ќе слават среде Македонија, ама ќе си го гледаат Европското – на ТВ! (ФОТО)

Репрезентативците на Македонија ветија победа против Швајцарија за Велигден и истата ја остварија откако денеска се изборија за триумф од 29:28 со што победнички ги финишираа квалификациите за Европското првенство.

Со пет победи и само еден пораз убедливо се оди на завршниот турнир, шест пат во низа, а седми вкупно во историјата.

Швајцарците по одличната партија против Данска, делуваа можеби и премногу самоуверено, најавуваа дека Македонија не била врвна репрезентација и дека ќе стигнат до победа во Скопје.

Таквите изјави им се удрија од глава и им се вратија како бумеранг. Тие делуваа уште помотивирачки за нашите репрезентативци, па Швајцарците по две учества на ЕП 2020 и СП 2021, ќе си го гледаат следниот голем настан на ТВ!