Швајцарците брзо го сменија мислењето: Против Македонија секогаш е тешко да се игра

Иако пред мечот најавуваа дека Македонија не е врвна репрезентација и дека ќе победат во Скопје, сепак на крајот Швајцарците загубија со 29-28 и ЕП ќе го гледаат дома.

Швајцарскиот селектор Михаел Сутер по натпреварот изјави дека секогаш е тешко да се игра против Македонија.

„Ова е врвен спорт. Може да искусиш најголеми височини, како во јануари на СП, но и најголеми падови. Загубивме два пати со по еден гол разлика и покрај нашите борбени изданија. Дадовме се од себе. Македонија е ривал против кој е секогаш тешко да се игра далеку од дома. Многу други репрезентации го почувствувале ова. Се боревме и пробувавме се до самиот крај. Во вториот дел одбраната беше солидна, но згрешивме во два или три клучни напади. Тоа е ракометот – натпреварот можеше да го добие било кој од двете селекции, нас ни фалеше еден гол и мора да го прифатиме тоа. Одигравме солидни квалификации и добри натпревари против подобро рангираните Данска и Македонија пред ждрепката“, изјави Сутер за веб сајтот на швајцарската федерација.

Следен предизвик за Швајцарија ќе бидат квалификациите за Светското првенство во Полска и Шведска, што ќе се игра во 2023 година.