Швајцарскиот Луцерн е последна пречка за Металург до групите во Лигата на Европа

Металург го доби ривалот во второто квалификациско коло од Лигата на Европа, што е последна пречка пред групната фаза.

Тимот од Автокоманда ќе се бори со швајцарскиот тим Криенс Луцерн, кој во претходното коло ја елиминираше хрватската Дубрава.

Натпреварите ќе се играат на 22 и 29 септември, а саатниците се или 18:45 или 20:45 часот.

Вториот македонски претставник Еурофарм Пелистер има директно место во групната фаза и ривалите ќе ги дознае на 1 октомври.

Во првото коло Металург ја елиминира хрватската Спачва Винковци, додека третиот македонски претставник Бутел беше елиминиран од унгарскиот тим Ѓенѓеш.

 

Второ квалификациско коло, Лига на Европа:

Металург – Криенс Луцерн
Бидасоа – Нексе
Потаиса Турда – Тулуз
Бјерингбо Силкеборг – ЦСКА Москва
Холстебро – Рајн Некар Левен
Бенидорм – Фиверс
Азоти Пулави – Кристијанштад
Констанца – Спортинг
ГОГ – Винтертур
Скјерн – Монпелје
Ѓенѓеш – Фуксе Берлин
Тримо Требње – Балатонфуреди