Шампион победнички се враќа од Прилеп

Екипата на Шампион на гостувањето во Прилеп кај Деспина славеше со три гола разлика, 27:24, во натпревар од 7. коло од плеј-аут фазата во Женската лига.

Гостинките од Скопје во секој сегмент во играта беа подобри од прилепскиот тим, кој ниту еднаш не успеа да поведе, или пак да дојде до израмнување на резултатот.

Шампион од почетокот, па до крајот беше во резултатска предноста, на полувреме имаше плус четири, 14:10, во вториот дел во неколку наврати водеше со максималните шест гола разлика, но домаќинките успеаја само да го ублажат поразот.

Најефикасна во Шампион беше Сара Трајков со девет погодоци, седум реализации имаше Анастастија Митова.

Во поразениот табор отскокна Ангела Камческа со осум погодоци, втор стрелец беше Маја Ристеска со пет реализации.