Шампион не го дава врвот во плеј-офот во Првата лига

Ракометарите на Шампион продолжуваат со победите во плеј-офот во Првата машка лига, а денеска успеаја да стигнат до победа на гостувањето кај Јехона во Гостивар со 38:22.

Ваквиот епилог можеше да се очекува на оваа средба бидејќи тимот на Шампион е лидер во плеј-офот и тим кој се бори да се пласира во Супер лигата.

Шампион не дозволи да има поголеми проблеми така што сè беше според очекувањата и финишираше на најдобар начин така што од Гостивар лидерот во плеј-офот си замина со три бода.

Оваа победа значеше одржување на разликата од еден поен во однос на Скопје, па битката за местото кое директно води во Супер лигата продолжува.

Денеска најефикасни во редовите на Шампион беа Миланов со седум, Стоилковски со шест и Олтовски со пет гола. Во редовите на Јехона, Салиу имаше шест, а Николоски и Илиески по четири гола.