Шампион минимално против Аеродром, нови бодови за одржување на лидерското место

После поразот во минатото коло ракометарите на Шампион дојдоа до победа на дуелот против Аеродром со 29:28 и останаа на врвот на табелата во плеј-офот во Првата машка лига.

Во текот на целата средба имаше интересен ракомет и возбдувања во кои имаше што да се види на двете страни. И тимот на Аеродром и Шампион имаа свои моменти и можеа до триумф.

Првото полувреме тргна во израмнета игра од почеток. Средбата одеше во израмнет ритам до моментот кога после 6:6 следуваа три гола по ред од Шампион. Овие три гола дадоа сигурност кај гостите кои дојдоа и до плус  четири и на одмор заминаа со 17:13.

Како што течеа работите во второто полувреме во добар дел гостите беа во предност. Постојано имаа 3-4 гола разлика така што како одминуваше времето така стануваше јасно дека бодовите ќе заминат со гостинскиот состав.

Сепак, во финишот Аеродром успеа да најде игра која ќе донесе можност за подобар резултат. Дојде до израмнување при 25:25, а потоа и 26:26. Во последните минути имаше мала драма, а во неа како победник излезе составот на Шампион кој дојде до триумф од 29:28.

Никита Стојановски со девет погодоци и Марио Миланов со седум гола беа најефикасни во редовите на Шампион додека Димитар Михајлов од Аеродром финишираше како прв стрелец во тимот на Аеродром со девет погодоци.