Шамбери најде замена за Портнер во хрватски репрезентативец

По објавувањето на заминувањето на Никола Портнер од Шамбери во Магдебург францускиот тим веднаш пронајде замена за голманската позиција. Од следната сезона Хрватот Филип Ивиќ ќе го брани голот на Шамбери.

Голманот кој пред почетокот на сезоната го засили тимот на ППД Загреб во својот матичен клуб ќе одигра само една сезона, а од летото 2022 сè до 2024 година ќе брани во француското првенство.

„Шамбери е еден од најдобрите клубови во најдоброто првенство во светот. Тоа е клуб со голема историја каде што играле голем број познати играчи. Познавам некои ракометари кои биле дел од Шамбери и ми кажаа само добри работи за клубот и окружувањето. Многу сум среќен што ќе се приклучам на тимот и ќе придонесам со мојот квалитет и искуство“, рече Ивиќ после објавувањето на трансферот.

Филип Ивиќ својата кариера ја започна во Заагреб каде што бранеше од 2010 до 2016  година, следуваше трансфер во Келце каде што беше во период од 2016 до 2019. Потоа одигра по една сезона во Гумерзбах и Целје, а пред почетокот на сезоанва повторно 29 годишниот голман се врати во својот Загреб.