Чурлевски го однесе СИФ во финскиот плеј-оф!

Екипата на СИФ, во која настапува поранешниот репрезентативец на Македонија, Филип Чурлевски, обезбеди пласман во плеј-офот во финскиот шампионат.

СИФ беше убедлив против тимот на АИФК со 36:24 (13:15) и победата од 12 гола разлика беше сосема доволна за пласман во плеј-оф фазата.

Меѓу најефикасните во победничката екипа беше токму Филип Чурлевски, постигна шест погодоци и подели неколку асистенции.

Листата на стрелци кај АИФК беше предводена од Александар Тренчевкси, кој имаше одлично издание со осум погодоци.

Тимот на СИФ во плеј-оф фазата, односно во четвртфиналето, за ривал го доби БК-46.