„Чупиќ плачеше на секоја судиска одлука, судиите беа на страната на Хрватска“

Избраниците на Тони Херона во својот втор натпревар од групната фаза на Европското првенство не успеаја да дојдат до втора победа.

Подобар противник од Србија беше репрезентацијата на Хрватска, која славеше со три гола разлика, 23:20.

Светла точка во српската репрезентација беше искусниот голман, Владимир Цупара. Членот на Веспрем натпреварот го заврши со 14 интервенции.

По натпреварот, Цупара имаше забелешки околу судењето. Судии на средбата меѓу Србија и Хрватска беа Роберт Шулце и Тобијас Тонис од Германија.

„Чупиќ плачеше на секоја одлука на судиите. Жал ми е што морам да го кажам ова, но судењето беше на страната на Хрватска. Никогаш не го коментирам тоа, но на нас ни беа досудени десет фаули во нападот. Исклучувањата на Марсениќ и Борзаш на стартот беа заслужени. Никогаш не сум видел судијата да оди да гледа видео од прекршокот уште во првата минута“, изјави Цупара за MozzartSport.

Србија за противник во последното коло од групната фаза во рамките од Групата Ц ја има селекцијата на Франција, додека Хрватска ќе се соочи со Украина.