Човечка судбина – со едно око стигна до најголемите успеси во кариерата

Полјакот Карол Биелецки, кој имаше тешка повреда пред десет години, не само што се врати на теренот туку ја освои Лигата на шампионите и беше најдобар стрелец на Олимписки игри. Биелецки поголемиот дел од кариерата играше со едно око и носеше заштитни очила, откако на пријателски дуел помеѓу Полска и Хрватска остана без левото око.

Рускиот „Брз Центар“ направи пресек на кариерата на легендарниот полски ракометар. На 11 јуни 2010 година во Келце, Хрватска и Полска го играа првиот од двата пријателски натпревари. После тешката сезона голем дел од играчите си земаа одмор и ги пропуштија натпреварите. Истото можеше да го стори и Карол Биелецки но тој одлучи да се појави со својата репрезентација. Оваа одлука засекогаш го промени неговиот живот и кариерата.

На самиот почеток од мечот, уште во осмата минута при напад на Хрватска, Биелецки излезе да го блокира Валчиќ, а тој при додавање на топката кон својот соиграч го погоди Биелецки со прстот во око. Полјакот се присетува на случката „веднаш забележав дека лепливата течност што течеше не е крв, многупати имам почуствувано какво е тоа чувство, сега тоа беше моето око“.

Уште на патот кон болница Биелецки сфатил дека оваа повреда не е како другите, тој имал оштетување на очното јаболко и неопходна била операција. Не само една, туку уште деве операции не помогнале окото да биде спасено. Советите од лекарите биле дека продолжувањето на кариерата може да биде опасно и за другото око, а една недела подоцна Белецки најави крај на кариерата.

Повредата на Биелецки многу тешко ја доживеал и Јосип Валчиќ кој после натпреварот сфатил колку е сериозна. Тој останал до 3 часот по полноќ во хотелот да ги чека луѓето од полската репрезентација. Според нивните кажувања Валчиќ плачел и пиел алкохол.

После разговор со друг лекар, Биелецки одлучи да направи обид да се врати на терените. Доволно е само да го покриете едното око и да сфатите со какви непријатности и проблеми се соочувал Полјакот. Неговите проблеми во секојдневниот живот биле големи, не можел нормално да вози автомобил или да наполни чаша вода. Сепак психолошкиот фактор беше пресуден за враќање на теренот. Биелецки смета дека судбината била нежна со него за разлика од други спортисти кои ги изгубиле најблиските личности во животот и повторно ги продолжиле кариерите.

После нешто повеќе од еден месец од повредата, на 22 јули Биелецки го одигра својот прв натпревар. Тоа беше во дресот на Рајн Некар на пријателски меч, додека на официјален натпревар Полјакот настапи на 31 август во Бундес лигата против екипата на Гепинген. После овој натпревар во соблекувалната Карол бил целосно емитивно скршен и многу плачел.

И покрај овие проблеми кои ги имаше во кариерата, после повредата Биелецки успеа четири пати да стигне на завршниот турнир во Келн. Исто така еднаш беше европски шампион со Келце во 2016 година и учествуваше во историскиот пресврт против Веспрем со седум гола и гол при изведување на седмерците. Во 2015 година освои бронзен медал на Светското првнство, а беше и најдобар стрелец на Олимписките игри во Рио 2016 година со 55 голови. Исто така има титули од полскиот шампионат и купот.

Карол Биелецки својата кариера ја заврши во 2018 година во Келце. Екипите за кои настапуваше се Висла, Келце, Магдебург и Рајн Некар, а за репрезентациајата на Полска има 255 настапи. Откако ја заврши кариерата се одалечи од ракометот. Сега има ресторан во Келце и држи мотивациски говори, а исто така имаат заеднички бизнис со Славомир Шмал.