Чкембари се во Белград, навиваат за Еурофарм Пелистер против Партизан (ФОТО)

Екипата на Еурофарм Пелистер го игра првиот натпревар од СЕХА лигата против Партизан, а на оваа средба битолчани имаат поддршка од својата навивачка група Чкембари.

Фановите на Еурофарм Пелистер се во Белград, а добија топло добредојде. Како што може да се види во продолжение домаќините им посакаа убаво и топло добредојде така што ова е она што го прави спортот поубав.

Средбата е во тек, а очекувањата се Еурофарм Пелистер да дојде до победа денеска.