Чешкиот селектор итно хоспитализиран во болница!

Селекторот на Чешка и тренер на Висла Плоцк, Хаивер Сабате, бил итно хоспитализиран во болница по мечот против Исланд од квалификациите за ЕП 2024.

Чешката федерација соопшти дека Сабате има хронични проблеми со здравјето, но и покрај тоа решил да ја води селекцијата на дуелот со Исланд, на кој Чешка победи.

Во текот на вчерашниот ден Сабате имал операција на бубрезите и се наоѓа под лекарски надзор во Чешка.

Дали ќе успее да се врати навреме за реванш средбата меѓу Исланд и Чешка што се игра во недела, но многу веројатно е дека нема да успее да седи на клупата.