Четири пати се искачи на врвот на Европа, сега ќе игра во Втората лига на Унгарија

Бернадет Боди, некогашната репезентативка на Унгарија, се приближува кон крајот на кариерата и во следната сезона ќе настапува за второлигашот Сент Иштван.

36-годишното десно крило со тимот на Ѓер освои четири титули во Лигата на шампионите – 2014, 2017, 2018 и 2019, а имаше одлични партии на дуелите со Вардар.

Боди потекнува од Сегед, играше за Орошази, Бекешчаба, Шиофок, Дунајварош, а најдолго се задржа во Ѓер – од 2013 до 2020 година.

Последните две сезони ги мина во Будаорс и ЕРД, но реши дека нема повеќе да настапува во елитната конкуренција во Унгарија.